Connect with us

Фудбал

Мбапе ја коментираше контроверзната фотографија објавена од Бензема: „Ќе разговараме наскоро“

Килијан Мбапе пред неколку дена ги изненади сите со одлуката да го продолжи договорот со ПСЖ.

Мбапе работеше со парижаните до крајот на оваа сезона и во неколку наврати ја одби понудата за продолжување на договорот. Поради ова, многумина веруваа дека Мбапе дефинитивно оди во Реал Мадрид со кој преговараше неколку месеци.

Сепак, на крајот се случи голем пресврт бидејќи Мбапе во последен момент се предомисли и реши да потпише нов договор со ПСЖ до летото 2025 година.

Во Реал Мадрид беа многу лути и разочарани што Мбапе ги одбил на таков начин бидејќи веќе договориле се со него и биле сигурни дека францускиот напаѓач ќе потпише за кралскиот клуб.

Некои играчи на Реал Мадрид јавно го критикуваа Мбапе со индиректни пораки на Инстаграм, а истото го направи и Карим Бензема.

Бензема на Инстаграм објави сторија и фотографија од раперот Тупак, а на неа е човекот кој го изневери славниот рапер пред да биде убиен во 1996 година во Лас Вегас. Многумина веруваат дека Бензема на тој начин му испратил порака на Мбапе, а тоа го прокоментира и напаѓачот на ПСЖ.

„Да, видов како некои играчи на Реал Мадрид се огласија на Инстаграм. Немам што да кажам. Во ПСЖ имам добри односи“, изјави Мбапе.