Connect with us

Фудбал

Мбапе ќе биде новата седумка во Реал Мадрид

Младиот талентиран француски фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе, доби многу на популарност по завршувањето на Светското првенство во Русија, каде со „триколорите” се закити со златниот медал. Тој ја понесе наградата и за најдобар млад фудбалер на првенството, а поради неговата игра голем број на тимови во летниот преоден рок покажаа интерес да го доведат во своите редови.

Екипата на ПСЖ, наводно веќе воспоставила контакт со шпанскиот гигант Реал Мадрид за негов трансфер во кралскиот клуб, каде многу го гледаат како потенцијална замена за Португалецот Кристијано Роналдо, кој направи трансфер во Јувентус. За 19-годишнииот освојувач на Светското првенство заинтересиран е и финалистот од Лигата на шампионите, премиерлигашот Ливерпул. Но, на пазарот добро котираат и други фудбалери, особено оние кои добро се покажаа на Мундијалот во Русија.

Иван Перишиќ, крилниот напаѓач на Интер со својата добра игра ја донесе Хрватска до финалето на Светското првенство. Како што пренесуваат островските медиуми, Манчестер јунајтед понудил 62 милиони фунти за хрватскиот интернационалец.

Играч кој летово би можел да ја смени средината е и Матео Ковачиќ, кој сончевата Шпанија би можел да ја замени со дождливата Англија. Во прашање се два клуба од Премиер лигата, Арсенал и актуелниот шампион Манчестер сити.

Центарот на Јувентус, Гонзало Игуаин би можел да си замине ова лето. Според последните информации од Премиер лигата, Челзи веќе понудил 90 милиони евра за неговите услуги. Доколку дојде до овој трансфер, клупската каса на Јувентус ќе се опорави, откако во овој преоден рок тимот потроши 105 милиони евра за Роналдо.

Рускиот интернационалец Александар Гловин, по пласманот во четвртфиналето на Светското првенство, почна да добива понуди за трансфер во Барселона, Монако, Јувентус и Челзи, кој веќе воспоставија контакт со управата на неговиот тим ЦСКА Москва.

Трансфери кои би можеле да бидат во центарот на вниманието ова лето е преминувањето на Еден Азар во Реал Мадрид. Според пишувањето на француските медиуми, кралскиот клуб веќе се договорил со Челзи за неверојатни 190 милиони евра. Овие информации дополнително ги подгреа Белгиецот, кој по освојувањето на бронзата на СП истакна дека по шест годни време е да се раздели со Челзи. Но, дали ќе се остварат сите овие трансфери ќе биде познато до 31 август кога завршува летниот преоден рок