Connect with us

Фудбал

Мбапе на раскрсница на животот: Легендата го советува едно, но срцето го влече на другата страна

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе летово ќе мора да донесе голема одлука или барем да ја објави, бидејќи веројатно веќе ја знае.

Овој одличен офанзивец е на крстопат помеѓу останување во ПСЖ, со кого договорот му истекува на крајот на сезоната и преселба во Реал Мадрид. Двата клуба му нудат астрономски бројки.

Првично доби совет од легендарниот Роналдињо да остане во ПСЖ поради играњето со Нејмар и Лионел Меси.

„Да, мислам дека ќе остане. Но, во фудбалот многу работи можат да се случат многу брзо. Не сакам никого да советувам. Сакам да ги видам сите мои пријатели среќни, без разлика каде се“, изјави Бразилецот тогаш за „PSG Talk“, додавајќи:

„Да останат сите тројца, би било одлично за сите љубители на фудбалот. Топ тројца играчи во светот заедно, тоа сакаат да го видат сите навивачи“.

42-годишниот Бразилец реши повторно да се јави со истиот совет, а тоа е да остане во Париз.

„Дали  Мбапе има сè за да успее во ПСЖ?  Да. Во мое време тоа не беше случај. Клубот сега е на исто  ниво  како најголемиот во светот. Тој може да стане најдобар играч во светот и да ја освои  Лигата на шампионите. Сакам да видам како најдобрите играчи ќе станат подобри заедно во ПСЖ и потоа ќе ја освојат Лигата на шампионите“, изјави Роналдињо.

Да потсетиме, Мбапе во ПСЖ пристигна од Монако во летото 2017 година и со парижаните беше трикратен француски шампион, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.

Сезонава на 40 натпревари постигна 32 гола, а на соиграчите им подели 22 асистенции.