Connect with us

Фудбал

Мбапе не може повеќе да молчи: Јасно и гласно кажа зошто не сака повеќе да игра за Франција

Франција лани беше првиот фаворит за освојување на Европското првенство, но на крајот триколорите беа елиминирани во осминафиналето по пенали од Швајцарија.

Француските фудбалери се најдоа под огромен јавен шок по неочекуваното испаѓање од ЕУРО, а тоа особено се однесува на Килијан Мбапе, кој промаши пенал на тој меч.

Мбапе доби неверојатни критики кои беа дури и расни. Набргу потоа беше објавено дека тој веќе не сака да игра за Франција, а една година подоцна Мбапе потврди дека тоа е вистина.

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грает денеска изјави дека Мбапе сакал да престане да игра за репрезентацијата по минатогодишното Европско првенство и рече дека сето тоа е поради промашениот пенал.

„Тој почувствува дека Федерацијата не го одбрани доволно откако го промаши тој пенал и доби големи критики на социјалните мрежи. После тоа, тој повеќе не сакаше да игра за Франција“, изјави Ле Грает.

Сепак, Мбапе реши да се огласи на социјалните мрежи и јасно и гласно да објасни зошто размислувал да престане да игра во репрезентативниот дрес.

„Конечно, конечно да објаснам дека сето тоа беше поради расистичките навреди што ги добив, а не поради тој промашен пенал. Тогаш му кажав, но тој мислеше дека нема расизам“, напиша Мбапе денеска на Твитер.