Connect with us

Фудбал

Мбапе: Побарува 100 милиони евра од Париз за неисплатени плати и бонуси

Килијан Мбапе веќе е играч на Реал Мадрид, но и покрај неговото преселување од Пари Сен Жермен, се чини дека нивниот однос само се затегнува.

Французинот со своите изјави го разобличи раководството на клубот и полека на виделина излегуваат се повеќе детали за неговите тешки последни месеци во Париз.

Како што пренесува Equipe, Мбапе ќе преземе правни мерки против Пари Сен Жермен, барајќи мамутска отштета која достигнува 100 милиони евра!

25-годишниот фудбалер се жали дека Пари Сен Жермен го оставил неплатен од април, а не му исплатил некои важни бонуси на кои му следуваат, па токму поради оваа причина и официјално го предупредил клубот да му ги врати сите долгови.