Connect with us

Фудбал

Мбапе продолжува со инвестиции – станува акционер во германска компанија

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе продолжува да биде многу активен во инвестицискиот свет.

Францускиот напаѓач во последно време е мнозински акционер во француски Каен, а сега ќе инвестира и во германска компанија за електроника, пренесува весникот „Екип“.

Преку неговиот инвестициски фонд Coalition Capital, тој учествува во германската компанија Loewe Technology GmbH, која е специјализирана за производство на телевизори, екрани, домашни кина. Мбапе сега поседува над 10% од акциите на компанијата преку неговиот фонд.

Претседателот на Loewe Аслан Каблиев изјави за Bloomberg дека целта на неговата компанија е значително да го зголеми својот годишен профит.

„Килијан ни помогна многу во создавањето на блутут, кој го развивме со него. Многу од соиграчите на Мбапе во француската репрезентација го поддржаа производот и на социјалните мрежи“, изјави Каблиев.