Connect with us

Фудбал

Мбапе во Реал Мадрид, па тоа било завршена работа?!

Килијан Мпабе постојано се поврзува со Реал Мадрид, но никако да биде постигнат договор. Наводно тој пред коронакризата бил блиску до договор со „Кралскиот“ тим, но пандемијата со новиот вирус ја уништила целата работа.

Ова го тврди поранешен член на ПСЖ и репрезентативец на Франција, Жереми Ротен. Како што вели тој, нема шанси Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ и дека прашање е на време кога ќе потпише за Реал.

-Од сигурни клупски извори знам дека трансферот речиси бил договорен, но се појави кризата со коронавирусот, која расипа се. Нема шанси тој да го продолжи договорот со ПСЖ. Само прашање е на време кога Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид, изјави Ротен, а пренесуваат светските агенции.

Ротен шест години играше за ПСЖ, од 2004 до 2010-та година, а за репрезентацијата на Франција има 20 мечеви.