Connect with us

Ракомет

„Мечот против Вардар ќе биде специјален за мене“

Српскиот ракометен интернационалец Илија Абутовиќ, кој до минатата сезона го носеше дресот на македонскиот шампион Вардар во новата сезона ќе му биде соиграч на Филип Талески во екипата на Рајн Некар Левен, а ждрепката одлучи тој да гостува во Скопје и да настапи против своите поранешни соиграчи и навивачи во рамки од групната фаза во Лигата на шампионите.Во интервју за германските медиуми, 29-годишниот српски дефанзивец говореше за предизвикот да игра во Бундеслигата и можноста да се врати во Македонија, овојпат како ривал на спротивната страна.

– Во Грманија е најсилното првенство во светот. Тежината е поголема и времето за одмор е многу кратко. Со Вардар имавме можност целосно да се фокусираме на Лигата на шампионите. Трофејот кој го освоивме минатата година донесе убави чувства кои би му ги посакал на секој спортист. Новата сезона ќе ме однесе повторно во Скопје и тоа ќе биде специјален меч за мене, иако ќе бидам на противничката страна. Поминав седум прекрасни години во Македонија и ќе ги паметам сите од нив, особено 5 јуни , изјави Србинот.

Абутовиќ и РНЛ ќе гостуваат во СЦ „Јане Сандански“ на 3 октомври во рамки од 4. коло од групата А во Лигата на шампионите