Connect with us

Други спортови

Меѓународен џудо турнир „Миоки опен“ во Скопје

Над 400 натпреварувачи ќе учествуваат на осмиот меѓународен џудо турнир „Миоки опен“ што денеска се одржува во Скопје, во организација на Џудо Клубот „Миоки“ по повод Меѓународниот ден на џудото.

Покрај екипите од Македонија ќе учествуваат и екипи од Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска, Грузија и Турција.

Џудо Клубот „Миоки“ од Скопје е основан во 2001 година на иницијатива на џудистите Лега Миодраг и Одисеј Албановски, а на турнирот ќе настапи со 40 натпреварувачи.