Connect with us

Кошарка

МекГи: Лејкерс ќе биде најзабавниот тим

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс, покрај големата ѕвезда Леброн Џејмс, во текот на летото во своите редови привлече некои интересни имиња, а Џавеил МеКги се согласува со тоа.

Леброн донесе одлука да потпише четиригодишен договор со Лејкерси, и заедно со него се очекуваше да дојда барем неколку ѕвезди на НБА.

„Езерџиите“ досега потпишаа со Ражон Рондо, Ленс Стивенсон, Мајкл Бизли, како и со поранешниот играч на шампионите Голден Стејт.

– Ќе биде неверојатно. Во соблекувалната има толку многу различни луѓе, но верувам дека сето тоа ќе се вклопи совршено и дека ќе го имаме најзабавниот тим досега, вели МеКги.

Тој го пофали привлекувањето на Мајкл Бизли, со кого се големи пријатели и од кого очекува да направи големи работи за време на сезоната.

– Ќе има големо влијание врз тимот. Тој е многу голем стрелец и одличен човек. Јас сум добар пријател со Бизли, а токму поради фактот дека доаѓа оваа сезона, ќе биде неверојатна, додаде МеКги.