Connect with us

Фудбал

Мексико успеа да ја победи Јамајка

Копа Америка продолжи и утринава, а на својот прв настап, Мексико успеа да ја победи Јамајка со минимални 1:0 и на тој начин да го започне учеството на овој турнир со посакуваните три бода.

Но, она што посебно ги загрижи сите во мексиканската репрезентација и армијата фанови низ цел свет е повредата на капитенот Едсон Алварез.

Фудбалерот на Вест Хем заработил посериозна повреда уште во првиот дел на дуелот во Хјустон и го напуштил теренот со солзи во очите, што секако не е добра вест за оваа селекција.

Победникот на натпреварот беше решен во 69. минута, кога Герардо Артеага го постигна голот за Мексико и ги постави конечните 1:0.

Следен противник на Мексиканците е Венецуела, селекција која во првото коло го совлада Еквадор со 2:1.