Фудбал
Менаџерот на Роналдо: Модриќ најдобар? Смешно!
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ прогласен е за најдобар фудбалер во Европа за ова година.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид на тронот го наследи некогашниот соиграч Кристијано Роналдо, кој воопшто не се појави на доделувањето на наградата во Монте Карло, иако тој е прогласен за најдобар напаѓач.
Роналдно не се огласи, но затоа тоа го направи неговиот менаџер Хорхе Мендес. Тој, прогласувањето на Модриќ за најдобар играч го нарече смешно.
„Ова, едноставно е смешно. Роналдо минатата сезона го водеше реал и постигна 15 голови во Лигата на шампионите, така да целиот овој избор е смешен“, кажа Мендес.
Модриќ покрај наградата за најдобар во 2018. година доби и награда за најдобар играч од средниот ред на сезоната.
Играчите на реал доминираа во останатите категории, Кејлор Навас е прогласен за најдобар голман, а најдобар дефанзивец е прогласен Серхио Рамос.