Connect with us

Фудбал

Менаџерот на Скриниар: „Одбивме 65 милиони евра за да остане во Интер до летниот преоден рок“

Скриниар дојде во Интер од Самподорија оваа година и во првите шест месеци во дресот Интер одигра совршено. Големи интерес има од Реал Мадрид, Барселона и двете екипи од Манчестер.

“Не можам конкретно да кажам, но можам да потврдам дека отфрливме понуда која изнесуваше помеѓу 60.000.000 и 65.000.000 евра, и дојде од еден од четирите споменати клубови. Ние дури и не сакавме да влеземе во понатамошни разговори, бидејќи знам дека нема начин Интер да го продаде во овој преоден рок. Интер неможе да си дозволи да замине. Пред него има голема иднина. Се разбира, ситуацијата ќе биде сосема поинаква во текот на летото “изјави менаџерот на Скриниар за словачките медиуми.