Connect with us

Фудбал

Менаџерското столче за Раниери

Трофејниот италијански стручњак, Клаудио Раниери, и официјално е именуван за нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш Фулам.

Раководните лица на Фулам потврдија дека потпишале повеќе годишен договор со искусниот тренер и дека истиот е ангажиран како замена за Славиша Јокановиќ.

Српскиот тренер е отпуштен со образложение дека е главен виновник за очајните резултати во новата клупска сезона и поради фактот дека Фулам е последнопласиран на табелата со пет освоени бода.

Под водство на Раниери, Лестер во 2016 година ја освои единствената шампионска титула во клупската историја.