Connect with us

Фудбал

Меси ангажирал адвокати, ќе плати 4 милиони евра да го извади Роналдињо од затвор

Ако може да им се верува на пишувањата, пред се на одредени спортски портали, наводно Лионел Меси веќе ги ангажирал своите адвокати за да најдат начин да го извадат Роналдињо од затвор во Парагвај.

Наводно, Аргентинецот е подготвен да плати 4 милиони евра, за да неговиот некогашен соиграч да излезе од затвор. Сепак, за овие информации се уште нема ниту демант, ниту потврда од Лионел Меси.

Инаку Роналдињо и неговиот брат се уапсени бидејќи користеле лажни пасоши. Неговиот адвокат го нарече глупав, бидејќи на Роналдињо не му бил потребен пасош за влез во Парагвај. Вистинскиот пасош на Роналдињо му е одземен бидејќи во заштитена зона покрај езеро во Бразил градел платформа за рибарење и пристаниште за чамци, без дозвола. Бил казнет зо 2,1 милиони долари, но казната не ја платил, поради тоа му е одземен пасошот до завршување на судскиот процес.