Connect with us

Фудбал

Меси го бранеше Дембеле, откриен дијалогот со судијата

Лео Меси даде се од себе во последните моменти од мечот против Севиља за да го убеди судијата да не му покаже црвен карто на Дембеле.

Метју Лахоз реши да му покаже црвен картон на Дембеле, откако го слушна коментарот на Французинот. Лахоз не размисли двапати и го покажа црвениот картон на играчот на Барса, што доведе до реакција на каталонските играчи, особено кај капитенот Лео Меси. Тој се обиде да го убеди судијата дека погрешно ги разбрал зборовите на Дембеле.

„Тој не може да зборува, не може да зборува шпански“. Ова се зборови што Меси што ги упати кон Лахоз во одбрана на својот соиграч. „Тој рече многу лошо, многу лошо, повеќе нема коментар“,  додаде Меси пред судијата. Во телевизиските снимки од тој момент е потврдено што му вели Лео на Метју, инсистирајќи на тоа дека зборовите на Дембеле не треба да бидат во спротивност со неговата одлука. Сепак, напаѓачот излезе и ризикува да биде суспендиран најмалку два натпревари.

„Преводот“ на телевизиските снимки кажува дека Дембеле се обратил на судијата со овие зборови: „Вие сте многу лоши, многу лоши“.