Connect with us

Тајмаут

Меси го изедначи историскиот рекорд на Герд Милер

Лионел Меси синоќа го постигна вториот гол за Барселона во победата над Виљареал (2:0), што е негов 525-ти погодок во дресот на каталонскиот клуб.

Аргентинецот го изедначи историскиот рекорд на легендарниот напаѓач на Баерн Минхен, Герд Милер.

Меси веќе следената недела на дуелот против Депортиво Ла Коруња ќе има шанса да го надмине Милер и да стане најефикасен играч во петте најсилни европски фудбалски лиги (Англија, Германија, Шпанија, Италија, Франција).

– Тоа што го прави Меси е надчовечки. Тој ќе соборува уште многу рекорди, е реакцијата на неговиот тренер Валверде.