Connect with us

Фудбал

Меси го одигра јубилејниот 600-ти натпревар за Барселона

Аргентинскиот ас Лионел Меси повторно се запиша во историјата. Меси синоќа на „Камп Ноу“ пред домашната публика, во дуелот против Валенсија (2-1) го одигра јубилејниот 600-ти натпревар во дресот на Барселона.

Со тоа Меси стана третиот играч во историјата на каталонската екипа кој одиграл најмалку 600 натпревари. Пред Аргентинецот тоа само го направија легендарните Чави Ернандез, кој одигра 767 и Андрес Иниеста, кој има 642 настапи.

На досегашните 600 натпревари Меси има постигнато 523 голови, а со него во тимот Барселона има неверојатни 526 победи.

Меси неофицијалното деби за сениорскиот тим на Барселона го имаше на мечот против Порто во ноември 2005 година и на 16-годишна возраст. Воедно Меси се уште го држи и рекордот на најмладиот играч кој постигнал гол во лигата.

Со Барселона, досега освои 29 трофеи од кои осум шампионски титули во Шпанија, четирипати ја освојуваше Лигата на шампионите, а има и пет трофеи од „Кралскиот куп“.