Connect with us

Фудбал

Меси избра тројца кандидати за Златната топка

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси веќе ги има избрано своите кандидати за освојување на Златната топка, иако се уште е почеток на календарската година.

Според Аргентинецот кој заедно со Кристијано Роналдо доминираат на светската фудбалска сцена последната деценија, во трката за најдобар фудбалер ќе се вклучат Луис Суарез, Килијан Мбапе и Нејмар.

– Тоа се тројца одлични фудбалери и некој од нив би можел да ја освои наградата. Последниве години само двајца го освојувавме признанието, но во светот има многу сјајни играчи, а такви се гореспоменатите, рече Меси.

Последен кој успеал да ја освои Златната топка пред „ерата“ на Меси и Роналдо е Рикардо Кака во 2007 година. Потоа по пет пати наградата одеше кај првите ѕвезди на Барселона и Реал Мадрид.