Connect with us

Фудбал

Меси ја донесе конечната одлука?

Од ден на ден пристигнуваат нови информации за статусот на Лионел Меси во Барса.

Некои тврдат дека ќе замине, други дека тој сигурно нема да ја промени средината, додека трети наведуваат дека апсолутно никој, па дури ни самиот Меси, не знае што ќе се случи во наредните денови.

Популарната Марка синоќа ја донесе информацијата дека Меси ќе остане во Барселона барем уште една сезона.

Наводно, биле извршени исцрпни преговори и било одлучено Аргентинецот да не замине, а секако најголем проблем за потенцијалните купувачи е обештетувањето во висина од неверојатни 700 милиони евра.

Доколку сака да замине, Меси ќе мора да оди на суд со Барса, што секако не му оди во прилог.

Манчестер Сити и ПСЖ покажаа желба да го доведат, но како слободен агент.

„Меси размислува да остане во Барса до летото, а потоа ќе замине без обештетување“, откри новинарот Мартин Аревало.