Connect with us

Фудбал

Меси ја освои четвртата „Златна копачка“

Лионел Меси денеска ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа. Тој наградата ја освои откако постигна 37 голови во Примера минатата година, со што е прв со три гола повеќе од Бас Дост од Холандија.

Со оваа „Златна копачка“ Меси се изедначи со Кристијано Роналдо со по четири освоени награди.

Аргентинецот претходно беше најдобар во сезоната 2009-2010 кога постигна 34 голови, потоа во 2011-2012 со 50 голови и 2012-2013 со 46 погодоци.