Connect with us

Фудбал

Меси „отпиша“ уште еден соиграч, се сели во Лондон?!

Англиските медиуми тврдат дека Челзи е „загреан“ за услугите на голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген, а за таа намера сака да одвои дури 90 милиони евра. Наводно, во Шпанија се прошири таква информација дека Лионел Меси и Тер Штеген се во тивка „војна“ или нетрпеливост.

Наводно Аргентинецот рекол дека голманот може да биде продаден.

Германскиот чувар на мрежата прими 34 голови на исто толку настапи оваа сезона, а својата мрежа ја сочувал на 11 натпревари.