Connect with us

Фудбал

Меси „полудел“ по поразот од Реал, донесете ми ги овие четири играчи за последниот чин од кариерата

Барселона е во проблеми, Лионел Меси ќе остане, но само доколку тимот биде доволно силен за последниот чин од неговата кариера која наводно сакал да ја заврши со трофеји. Тој има 32 години, а нов четиригодишен договор би значело дека во Барселона ќе остане до својата 36-та година, а потоа веројатно во МЛС лигата.

Но, за да остане и натаму во Каталонија, Меси побарал четири нови играчи. Наводно по поразот од Реал Мадрид „полудел“, а нервозата ја истресол врз младите играчи.

Шпанските медиуми пишуваат дека од раководството побарал конкуретен состав кој би доминирал во Шпанија, но и во Европа.

Инсистира да се донесе Нејмар. Веројатно за таа цел ќе биде продаден Суарез, кој веќе има понуди од МЛС лигата. Меси сака уште еден напаѓач, а тоа е младиот фудбалер на Интер, Лутаро Мартинез, со кого наводно веќе Барселона се обидува да почне преговори.

Потребни се засилувања и на бековските позиции, еден од оние кои се спомнуваат е Жоао Кансело од Манчестер Сити, кој никако да заигра стандардно кај Пеп Гвардиола. Последна секако е одбраната, но не и помалку важна. Маркињос треба да биде замена за Пике, а Умтити најверојатно ќе биде продаден бидејќи не е на ниво. Ќе остане Ленгле.