Connect with us

Фудбал

Меси повторно пишуваше „реферати“ на Инстаграм, кој се меша во соблекувалната на Барселона?

Неколку шпански медиуми пред се каталонскиот „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ пишуваа дека капитените на Барселона, предводени од Меси, потоа и неговите заменици Бускетс, Пике и Роберто биле против намалувањето на платите.

Тие цитираа извори од клубот за ова, но сепак Лионел Меси се огласи на својот Инстаграм профил со детално соопштение. Во него се вели:

-Покрај намалувањето на платите од 70 проценти за време на вонредната состојба, играчите исто така ќе дадат дополнителен придонес за да им помогнат на вработените да добијат 100 проценти од својата плата додека трае кризата. Многу е кажано и напишано за првиот тим и платите во Барселона. Како прво, сакаме да дадеме до знаење дека отсекогаш сме сакале да прифатиме намалување на платите затоа што разбираме дека ова е итен случај и ние сме први кои секогаш му помагаме на клубот кога има потреба. Многу пати го правевме тоа на своја иницијатива, а во други времиња кога мислевме дека е важно, напиша Меси,

Тој вели дека е изненаден што има луѓе во клубот кои се обидуваат да ги стават играчите под лупа и да ги стават под притисок да направат нешто што секогаш знаеле дека ќе го направат.

И првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу се огласи за тамошните медиуми потенцирајќи дека всушност идејата за намалувањето на платите за време на пандемијата била на Лионел Меси и останатите капитени.