Connect with us

Фудбал

Меси со пријателски совет „Оди си од Барселона“

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, наводно, му кажал на Алеикс Видал дека треба да го напушти Камп Ноу овој месец, за да си ја врати кариерата на вистинскиот пат.

Видал се приклучи на Барса од ривалите Севиља во летото 2015 година, но нивната забрана за трансфер значеше дека ќе чека деби до следниот јануари.

Тој има само 41 настап во првиот тим во текот на овие две години, не успеа да се наметне кај Валверде и Луис Енрике.

Најновите извештаи од Шпанија укажуваат на тоа дека Меси му даде совет на 28-годишниот во врска со неговата иднина.

Според Диарио Гол, Меси е постојано информиран за сите можни случувања во клубот.

И откако слушнал дека Видал може да замине, тој директно му кажал: “Оди си од Барса”.