Connect with us

Фудбал

Меси се сретна лице в лице со човек кој постојано го критикува, одмаздата не можеше да биде поладна

Лео Меси можеби немаше добра сезона во ПСЖ, но затоа продолжува да се истакнува во дресот на Аргентина.

Аргентина во одлична партија ја победи Италија со 3-0 во Финалисима, па Меси со националниот тим стигна до вториот трофеј.

Првата ја освои минатата година кога „гаучосите“ станаа шампиони на Јужна Америка, а на следната, најважната, се надева во Катар, каде на крајот на оваа година ќе се игра Светското првенство.

Оскар Руџери за време на Копа Америка постојано го критикуваше Меси и не беше задоволен од неговите игри, а конечно добија шанса да се сретнат лице в лице.

Тоа беше во пресрет на натпреварот против Италија. Тој меч се одигра на лондонски Вембли, а средбата меѓу Меси и Руџери се случи пред загревањето.

Откако се поздрави со новинарот, Меси се упати кон останатите играчи, кога налета на Руџери.

Руџери застана, му подаде рака на најдобриот фудбалер досега, па следеше ладнокрвна реакција. Меси само кажа нешто и продолжи понатаму.

Своевремено, Ругери беше еден од најдобрите дефанзивци во светот. Тој беше член на генерацијата Гаучоси која го освои Светското првенство во 1986 година. Играше и за Реал една сезона.