Connect with us

Фудбал

Меси слета на аеродромот во Барселона (ВИДЕО)

Аргентинецот е фатен, според Sport.es, на аеродромот во Барселона. Се чини дека тој побарал дозвола да пропушти неколку дена од тренингот на ПСЖ.

Шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот дошол да разговара со Лапорта за можното враќање на Камп Ноу следното лето.

Други извори тврдат дека Меси дошол како специјален гостин на пријателскиот натпревар помеѓу Барселона и Пумас.

На излегување од аеродромот Лео Меси застана неколку минути за да им даде автограми на своите фанови, а присутниот новинар го праша Аргентинецот дали сака да се врати во Барселона.

Сепак, Меси молчеше и не кажа ниту еден збор. Откако потпиша неколку автограми, ѕвездата на ПСЖ веднаш влезе во својот автомобил и тргна.

Во секој случај, ова е првпат Меси да биде забележан во Барселона, откако Жоан Лапорта изјави дека ќе направи се за да го врати Аргентинецот во составот на Блауграна.