Фудбал
Месут Озил доби неморална понуда
Германскиот интернационалец Месут Озил се уште е во Арсенал, но лондонскиот клуб веќе подолго време се обидува да се ослободи од него.
Озил има договор со „топџиите“ до следното лето, но има астрономски приход на „Емирати“ и затоа клубот би сакал да се ослободи од него.
Претходно се поврзуваше со неколку клубови, а поранешниот играч на Вердер и Реал Мадрид сега се поврзува со славниот тим од Саудиска Арабија.
Имено, Ал Насер е клубот кој му понуди на Озил 16,8 милиони евра по сезона и Германецот со турски корени сега ќе ја разгледа истата. Самата лига не е привлечна, далеку од тоа, но Озил има можност да ги пополни своите банкарски сметки до врв на крајот на својата кариера.
Точно, тој има 31 година и има уште неколку сезони пред себе, но ако парите имаат удел, тогаш Озил дефинитивно ќе ја разгледа понудата на Саудијците.