Connect with us

Ракомет

Металург го „растури“ Пролет

Во денешниот натпревар Металург на гости, очекувано и без некои потешкотии го совлада Пролет со високи 26:38.

По тешкиот пораз од Вардар, Металург денеска покажа одлична игра и желба за победа. Пречката која денес им се најде на патот, ја совладаа со недостижни 12 гола разлика. (26:38).

Домаќинот се обидуваше некако да ја „стопи“ предноста на Металург која ја имаше во текот на целиот натпревар, но е успеа во тоа.

Следниот натпревар Металург гостува кај Охрид, Пролет гостува во Битола, а ќе биде пречека од Пелистер.