Connect with us

Фудбал

Михајловиќ изненаден колку брзо беше заменет со Мацари, како се да било договорено пред време

Хрватскиот стратег изјави дека е изненаден од одлуката на одборот за неговото отпуштање и колку брзо беше најдена негова замена, како се да било договорено пред време.

По поразот од Јувентус, Синиша Михајловиќ доби отказ а на негово место веднаш беше назначен Валтер Мацари.

„Тоа беше како гром од ведро небо. Повеќе сум разочаран отколку што сум лут“, изјави Михајловиќ за „Ла Стампа“.

Торино има солидна сезона во Серија А, се наоѓа на десетото место на табелата, пред Милан, но раководството на клубот изгледа има поголеми амбиции иако реално нема состав за такво нешто.