Connect with us

Фудбал

Милан демантира преговори со Конте

Директорот на италијанскиот фудбалски клуб Милан, Масимилиано Мирабели ги отфрли како неточни шпекулациите дека контактирал со Антонио Конте за да го наследи Винченцо Монтела на тренерското место.

– Монтела ја ужива нашата доверба. Ние работиме секој ден на новиот проект. Знаеме дека постојат некои тешкотии, но ние работиме на решавање на овие проблеми. Без оглед на тоа дали ми верувате или не, немаме никакви преговори со Конте. Тоа се шпекулации од вашиот свет, им рече Мирабели на италијанските новинари.

Милан синоќа го совлада Сасуоло со 2:0 и се проби на 7. место на табелата во Серија А.