Фудбал
Милан го купи Кјаер
Според италијанските медиуми, Милан го откупил договорот на Симон Кајаер од Севилја.
Потсетуваме, Данецот пристигна на „Сан Сиро“ во јануарскиот преоден рок на шестмесечен заем со опција за откуп. На крајот, росонерите решија да го активираат и да инвестираат 3,5 милиони евра во Данецот.
Рокот за купување на договорот за „росонерите“ истекува утре, а „Скај Спорт“ пренесува дека двете страни постигнале договор и дека искусниот стопер ќе остане на „Сан Сиро“ следните неколку години.
Од доаѓањето во клубот, Кјаер има одиграно 14 натпревари и се промовираше во еден од стандардните играчи во составот на Стефано Пиоли.
Новинарот Џанлука Ди Марцио известува дека овој трансфер ќе биде официјализиран наскоро.
Конечно, да додадеме дека Кјаер смени голем број на екипи порано во својата кариера. Тој, меѓу другите играше за Аталанта, Рома, Фенербахче и Волфсбург.