Connect with us

Фудбал

Милан го претстави новиот дрес, на видеото и Ибрахимовиќ иако договорот му е истечен (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Милан го промовираше дресот за новата сезона, 2022/2023. Интересно е тоа што на промотивното видео се најде и Златан Ибрахимовиќ чиј договор со „Росонерите“ истече на 30-ти јуни. Сепак, ова веројатно е доказ дека Швеѓанецот ќе ја продолжи соработката со италијанскиот првак барем за уште една сезона.