Connect with us

Фудбал

Милан го пронајде наследникот на Џампаоло, тренерот останува уште 90 минути!

Марко Џампаоло се уште е на клупата на Милан, но според „Спортмедисет“ Џенова се очекува да биде последната станица, или последниот воз. Доколку дојде до пораз или лош настап, отказот би бил автоматски, бидејќи две недели одмор поради обврските со репрезентациите би му помогнале на новиот тренер.

Руди Гарсија, поранешниот тренер на Рома деновиве, е најсилниот кандидат.

Покрај Гарсија, Клаудио Раниери е оценет како идеален профил за справување со одредени критични ситуации, во улога на „привремен кормилар“. Гарсија и Раниери се пред Спалети и Алегри, кои имаат високи финансиски барања (4,5 милиони и 10 милиони евра).