Connect with us

Фудбал

Милан ја бара легендата на Баерн

Милан не ја започна новата сезона добро, со тоа што неодамна „росонерите“ го отпуштија тренерот Џампаоло, и тимот го доверија на Стефано Пиоли.

Во центарот на обвинувањата за овој негативен старт беа челниците на клубот, кои навивачите остро ги критикуваа. Поради оваа причина, Малдини и Бобан почнаа да се движат понатаму и да размислуваат за зимскиот преоден рок, каде се појави ново име.

Станува збор за Томас Мулер, кој пред неколку дена објави дека може да го напушти Баерн во јануари. 30-годишниот играч веќе размислува за нова авантура. Според „Кикер“ Милан изгледа како еден од екипите каде што може да се пресели напаѓачот на Баварците.