Connect with us

Фудбал

Милан подготвен за најголемиот трансфер во историјата: Победи во трката за човекот кој ја полуде Европа

Милан доби нови сопственици и е подготвен за огромни инвестиции.

По долго чекање, навивачите на Милан се вразумија и можат да уживаат во актуелниот момент на својот сакан клуб.

По 11 години чекање, Росонерите го освоија Скудетото, по што следеше промена на сопственичката структура. Во трансакција од 1,3 милијарди евра, RedBird стана мнозински сопственик.

Се добива впечаток дека дури сега доаѓаат подобри денови за Милан, а медиумите од Апенините веќе шпекулираат за најголемиот трансфер во клупската историја.

Имено, Милан напорно работи да го доведе Кристофер Нкунку, одличниот напаѓач на РБ Лајпциг кој никого не остави рамнодушен со одличните игри минатата сезона.

Нкунку може да игра на позицијата „лажна“ деветка, како и на позицијата зад напаѓачот, а сигурно би бил дел од ударниот тандем со Рафаел Леао.

24-годишниот фудбалер го бараат најдобрите клубови во Европа, пред се ПСЖ, но „росонерите“ се сигурни дека веќе ја добиле трката и дека во новата сезона во својот состав ќе имаат одличен офанзивец.

Вредниот Нкунку се проценува на околу 60 милиони евра. Доколку трансферот се реализира под овие или приближни бројки, ќе биде најголемиот во историјата на актуелниот шампион на Италија.

Французинот од Конго минатата сезона беше навистина фантастичен со дури 35 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања.

Во Бундес лигата 20 пати ја тресеше противничката мрежа. Со РБ Лајпциг го освои ДФБ Купот што е најголемиот успех во историјата на овој клуб.