Connect with us

Фудбал

Милан „разбиен“ во Унгарија за 27 минути, Жиру и Круниќ спречија голема бламажа (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Милан изненадувачки беше поразен во Унгарија од тимот на Залаегершег. Беше 3:2. Со исклучок на одбранбената линија, Росонерите го започнаа натпреварот со прилично силен состав. Тука беа Тонали, Флоренци, Дијаз, Ребиќ и Жиру.

Домашните поведоа уште во втората минута. Прекрасно погоди Мешак Убочиома за водство од 1:0.

Лошата реакција на одбраната на Милан се виде и во 24. минута. Атила Мочи погодува за 2:0. Три минути подоцна прекрасен гол за Залаегершег. Матијас Тајти погодува спектакуларно за 3:0.

Росонерите се враќаат во мечот во 30. минута. Досуден е пенал, од кој Оливие Жиру ја погоди противничката мрежа за 3:1.

Овој резултат остана на семафорот до самиот финиш. Дури во 86. минута, репрезентативецот на Босна и Херцеговина Раде Круниќ постигна гол за конечни 3:2.