Connect with us

Фудбал

Милан и Реина се договориле

Голманот на Наполи, Пепе Реина, се согласил да се пресели во Милано по завршување на сезоната. Договорот за шпански чувар на мрежата со „наполитанците“ истекува во јули, а тој веќе објави дека го напушти клубот.

Наполи му понуди договор за уште една сезона на 35-годишниот чувар, кој тој категорично одби да го потпише.

Според „Газета Дело Спорт“ од Милан веќе го информирале Наполи дека постигнале договор со Реина и дека ќе стане нивни играч во следната сезоната.

Договорот на Реина со „росонерите“ ќе биде до летото 2020 година за годишна плата од три милиони евра.