Фудбал
Милан се договори за Игуаин, конечната одлука зависи од Аргентинецот
Милан и Јувентус постигнаа договор за Гонзало Игуаин, а сега одлуката целосно зависи од самиот играч.
За „Пипита“ веќе нема место во Торино по привлекувањето на Кристијано Роналдо и во последнава недела тој беше постојано поврзуван со „росонерите“.
Според „Скај Италија“, двата клуба постигнале договор за изнајмување, во вредност од 15 милиони евра. „Газета дело Спорт“ информира за истото, откако дополнува дека Милан ќе има обврска следното лето да го привлече Игуаин за постојано.
Проблемот тука е дека фудбалерот не сака да го напушти Јуве, а во исто време не сака да ја намали неговата плата. Се очекува во наредните денови неговиот брат и агент Николас Игуаин да пристигне во Италија, каде ќе разговара за ситуацијата.