Connect with us

Фудбал

Милан за 30 милиони купува дефанзивец кој две години не направил ниту еден кикс

Фудбалерите на Милан се блиску до освојување на „скудетото“, прво по 2011 година. „Росонерите“ се лидери во Серија А, на едно коло пред крајот на шампионатот, два бода повеќе од Интер, а за трофејот ќе им биде доволно и реми против Сасуоло.

Во Милано заедно со борбата за титулата се подготвуваат и за летниот преоден рок и се надеваат дека нивното враќање на врвот во италијанскиот шампионат ќе им помогне да ги задржат клучните играчи и да ги доведат посакуваните засилувања.

Стоперот на Лил, Свен Ботман веќе извесно време е прва желба на тренерот Пиоли. За квалитетот на младиот холандски стопер доволно говори и фактот што за две сезони во Лил не направи ниту една грешка. Ботман беше желба на Њукасл, но тој се одлучи за Милан, сега преговорите со „росонерите“ се веќе во напредна фаза, а трансферот би можел да изнесува околу 30.000.000 евра. Наводно од „сенка“ ситуацијата ја следи и Манчестер Јунајтед.

Заедно со Ботман, неговиот клубски пријател Ренато Санчез би можел да замине во Милано. Португалецот треба да потпише четиригодишен договор со тимот на Стефано Пиоли, со заработка од околу 4.500.000 евра по сезона, додека Лил од неговата продажба би можел да заработи околу 20.000.000 евра.

Трет дебитант во Милан би требало да биде напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги. Белгиецот веќе се договорил со „црвените“ за крај на соработката и решил летово да дојде на „Сан Сиро“ како слободен играч.

Доколку нешто тргне наопаку со Ориги, опција може да биде Габриел Жесус од Сити, но поизвесно е дека тој ќе остане во Англија и ќе го позајми дресот на Арсенал.

Што се однесува до заминувањата, веќе е познато дека капитенот Алесио Ромањоли ќе го напушти клубот, а негова следна станица би можел да биде Јувентус, а можеби ќе остане на „Сан Сиро“ и ќе го облече дресот на градскиот ривал Интер.

Милан треба да го напушти и Бразилецот Жуниор Месијас, кој дојде на позајмица од Кротоне, но не го покажа посакуваниот квалитет. Судбината на Златан Ибрахимовиќ се уште е неизвесна. Искусниот Швеѓанец се уште не одлучил дали ќе ја продолжи кариерата, а во Милано се надеваат на останување на Ибра во клубот или во улога на играч или член на управата на клубот. Одамна е познато дека Френк Кеси се сели во Барса, а засега не се размсилува за продажба на Португалецот Леао, иако ПСЖ неодамна размислуваше за понуда од 100.000.000 евра за него.