Connect with us

Ракомет

Милано: Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје, првите впечатоци се одлични

Новиот тренер на Вардар 1961, Гиљермо Милано, ја даде својата прва изјава како предводник на „црвено-црните“. Тој изрази големо задоволство од доаѓањето во Скопје и го оцени новиот предизвик во својата кариера како возбудлив и инспиративен.

„Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје. Веќе се запознав со ракометарите и одработивме неколку тренинзи. Тимот со кој ќе работам е составен од вистински професионалци и оставија одличен впечаток кај мене“, изјави Милано.

Тој нагласи дека првите впечатоци се позитивни и изрази надеж за напредок во секој сегмент од играта. „Очекувам дека ќе напредуваме на секое поле. Пред нас е период полн со натпревари, но верувам дека заедно ќе ги исполниме сите поставени цели“, додаде Милано.