Фудбал
Милевски по победата над Гибралтар: Најважен е резултатот, се останато е во втор план
Македонија рутински со 2:0 славеше на гостувањето кај Гибралтар со по еден гол во двете полувремиња, прво на Барди, а потоа на Николов. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски вели дека резултатот е најбитен, другото е во втор план, алудирајќи на слабата игра на нашата селекција.
-Најважен е резултатот, во втор план сето останато. Одиме понатаму, ни следува дуелот со Грузија. Најавив и пред почетокот на овие натпревари во Лигата на нации дека сите повикани фудбалери кои се во составот за овие четири мечеви имаат квалитет да одговорат на предизвикот кој ни претстои. Што се однесува до голманот Дени Илиев, доби шанса, од аспект дека клубот каде што настапува ги игра своите натпревари на вештачка трева. Со оглед на фактот дека не се во натпреварувачки ритам и идејата беше да се одмори нашиот прв голман Димитриевски, изјави Милевски.
Следниот меч Македонија го игра на 9-ти против Грузија, а на 12-ти против Гибралтар. Двата меча ги играме на домашен терен.