Фудбал
Милевски пред мечот со Бугарија: Фаворити пред натпревар не постојат, тоа на терен се докажува
Селекторот Благоја Милевски вели дека во групата во новата сезона во Лигата на нации, иако на хартија сме фаворити, сепак квалитетот мора на терен да се докаже. Прва можност за тоа е мечот со Бугарија.
-За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Денес, фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена. Единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат, изјави селекторот Благоја Милевски пред утрешниот меч со Бугарија во Разград кој почнува во 18 часот.