Фудбал
Милевски пред мечот со Грузија: Се што е минато е историја, наредниот меч е најважен
Македонија утре вечер со почеток во 20:45 часот на домашен терен ја пречекува селекцијата на Грузија која по две кола од новиот циклус во Лигата на нации има максимални шест бодови. Прво победа против Гибралтар, а потоа против Бугарија, па утрешната пресметка е практично е директна битка за првото место во групата.
Селекторот Милевски вели дека утрешниот исход зависи исклучиво од нашата игра.
-Овој период е таков каквов што е. Не може да бараме натпреварувачка форма од играчи кои се надвор од форма. Не гледам ништо поразлично од претходните два меча. Се што е поминато е историја, секој нареден меч е следниот предизвик и шанса за нова победа. Ќе се потрудиме да бидеме подобри утре во одмос на претходните два меча. Има разлика од оваа Грузија во однос на Грузија од нашите минати дуели. Имаат нов селектор, нова визија, нема ништо слично од она што беше и ова што не чека. Не се оптеретуваме многу од важноста на утрешниот меч. Да се даде максимумот и да се постигна успех“.
„Посакуваме исполнет стадион кој ќе биде додатен стимул за нас како тим, да ја осетиме таа домашна публика. Поддршката ни е многу потребна. Победаа од 5:2 над Бугарија моѓже и не мора да значи ништо. Очекувам поразличен меч од оној нашио со Бугарија и оној нивниот.
„Секако, го анализирав и не само тој туку и претходиоте дуели. Одличен тим, одлични индивидиалци. Одличен меч со Бугарија одиграа но секој меч е различна приказна. Ќе видиме што ќе се случи утре.
„Тој меч во Грузија нема никаква конекција со овој сега и не би се навраќал сега на таа средба. И како тим и како индивидиално Грузија има квалиотет кој ако им го дозволиоте да го покажат ќе знаат да бидат опасност. Но за тоа треба да им се дозвволи такво нешто а Македонија е таа која се прашува на утрешниот меч“