Connect with us

Фудбал

Милевски заминува од Македонија У21, потпишува за Ашдод

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски ќе биде нов тренер на Ашдод.
 
Милевски е поранешен фудбалер на израелскиот тим, каде настапуваше од 2001 до 2004 година, а би требало да почне со работа на почетокот на следната натпреварувачка сезона, кога ќе ја комплетира работата со ФФМ. Кон крајот на месецов тој најверојатно за последен пат ќе ги води младинците во двата пријателски мечеви закажани со Азербејџан на гости. 
 
Селекторот забележа историски пласман на ЕП во Полска за играчи до 21 година во 2017-та. Во тековниот циклус „црвено-жолтите“ сепак не успеаја да ги повторат успесите, откако досега има пет порази по одличниот старт со победа против Ерменија.