Connect with us

Фудбал

Милионите се во каса: Интер синоќа стана апсолутен рекордер на Купот на Италија

Интер синоќа се пласираше во финалето на Купот на Италија.

По 0:0 во првиот натпревар, Интер синоќа беше номинален домаќин на Милан на Џузепе Меаца и славеше со високи 3:0 во четвртото сезонско Дерби дела Мадонина и продолжи понатаму.

Првите два гола беа дело на Лаутар Мартинез во првото полувреме, додека вториот поен го постигна резервистот Госенс.

Денеска италијанските медиуми пишуваат дека Интер синоќа го собори рекордот на ова натпреварување.

Имено, на трибините на стадионот имало вкупно 74.508 гледачи што им донело бруто приход од продажба на билети од 4.156.710 евра, а тоа е апсолутен рекорд во ова натпреварување.

Инаку, Интер ќе го дознае противникот во финалето вечерва кога реваншот го играат Јувентус и Фиорентина, а Старата дама во првиот натпревар славеше минимална победа од 1:0.

Да потсетиме, Интер седум пати го освојуваше Купот на Италија, а последен пат беше во 2011 година кога го одбрани трофејот освоен во сезоната од соништата 2009/10. кога беше освоена тројната круна.