Connect with us

Кошарка

Милвоки го торперираше Голден стејт

Изминатава вечер се случи изненадување во НБА лигата кое го приреди тимот на Милвоки со победата на гостувањето кај аткуелниот шампион Голден стејт. Да биде поголемо изненадувањето победата беше реализирана со 23 поени и тоа со 111:134. Победата воопшто не беше доведена во прашање, ако се знае дека на целиот натпревар екипата на Милвоки имаше постојана предност.

Кај Милвоки како најдобар поединец се издвои Бледсо кој реализираше 26 поени, 6 асистенции и 4 скокови, а помош имаше од Антетокоумпо кој го следеше со 24 поени, 4 асистенции и 9 скокови.

Кај поразениот тим на Голден стејт се издвои Клеј Томпсон кој постигна 24 поени, 3 асистенции и 3 скокови и Кевин Дурант со 17 поени, 9 асистенции и пет скокови.