Connect with us

Фудбал

Министерот за здравство: Македонија – Косово би требало да се одигра без публика

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека фудбалскиот натпревар Македонија-Косово, би требало да се одигра без публика, бидејќи се очекуваат и гости од странство. Сето ова поради превенција од ширење на коронавирус. Во Италија веќе е донесена одлука да се одиграат сите мечеви во период од еден месец без публика, а одредени дуели во европските натпреварувања исто така се без публика.

Инаку, во  Македонија нема нови случаи на заразени со коронавирус, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Состојбата на хоспитализираната пациентка е стабилна и контролниот тест е негативен. Сепак, како што вели, ќе треба да поминат 48 часа за тоа да се потврди. Странските државјани кои вчера беа тестирани, а чии резултати излегоа негативни, денеска се пуштени од Инфективната клиника. Министерот меѓу другото рече дека утре во Македонија ќе пристигне група од 20 туристи од Сингапур и Јапонија, но сите ќе бидат пречекани и прегледани од епидемиолози на Институтот за јавно здравје.