Connect with us

Фудбал

Мињоле по заминувањето на Кариус: Зошто тој замина, а јас не?

Белгискиот голман Симон Мињоле ја отвори душата по заминувањето на неговиот тимски колега Лорис Кариус на позајмица во Бешикташ.

Германскиот голман замина на двегодишна позајмица во Бешикташ, откако стана јасно дека Алисон Бекер е прва опција за голман во Ливерпул наредните сезони, додека на Мињоле не му јасно како тој немаше можност да го напушти клубот.

„Секогаш бев јасен. Сакам да бранам. Не ми е важно дали сум втора или трета опција, затоа заминувањето на Кариус не ми ништо значи. Играњето е најважната работа за мене.“ кажал Мињоле во разговор за „Het Laatste Nieuws“ и додаде:

„Ништо не ми е кажано откако Лорис замина. Не знам каква е мојата иднина во Ливерпул. Морам да видам што ќе се случи оваа седмица. Ми беше чудно како Кариус замина на позајмица знаејќи дека и јас имав таква опција, но поради некоја причина таа не е искористена. Голманот кој беше прва опција пред мене во претходната сезона отиде на позајмица? Чудно.“ рекол Мињоле.

Ќе видиме дали белгиецот до крајот на рокот ќе го промени клубот или пак ќе прифати да седи на резервната клупа уште една сезона.