Фудбал
Миовски по двата гола: Гол за националниот тим е најубавото чувство на еден фудбалер
Бојан Миовски, стрелец на два гола против Гибралтар во победата од 4:0, што воедно беа и негови први голови во националниот дрес вели дека математички Македонија се уште има шанси за првото место. Вели дека нема да се откажат пред време, ќе одат на победа против Грузија и Бугарија и секако ќе чекаат кикс на моменталниот лидер во групата, а тоа е селекцијата на Грузија која пред неколку дена со 3:0 славеше во Скопје.
-Го почнавме добро мечот, постигнавме гол во трета минута и потоа беше полесно за нас. Постигнавме четири голови за 30 минути, а во второто полувреме дојде до повеќе измени и малку падна нашата игра, но задоволни сме од резултатот. Да се даде гол за нацоналниот дрес е најдоброто чувство за еден фудбалер. Многу сум среќен што ги постигнав двата гола, но повеќе сум среќен што победивме, изјави Миовски.